Угостителските услуги во ноември поскапи за 17,1 отсто во споредба со истиот месец лани

Цените на угостителските услуги во ноември годинава, во однос на истиот месец лани се зголемени за 17.1 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Кумулативно, во периодот јануари – ноември годинава, во споредба со истиот период од 2021, цените се повисоки за 11.9 %.

Во ноември годинава, пак, во споредба со претходниот месец, цените на угостителските услуги се зголемени за 0.1 %. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0.1 %, Алкохолни пијалаци за 0.5 % и Безалкохолни пијалаци за 0.