Не стивнуваат реакциите на револт и шок по случајот со отруените коњи во скопската Зоолошка градина. Се бара да се затвори Зоолошката бидејќи ова е сериозен пропуст.
- Затворање на ЗОО Скопје итно. Ова е сериозен безбдносен пропуст нема оправдување. Префрлете ги животните во ЗОО каде има похумани услови, а потоа во нивните природни живеалишта, вели една скопјанка.
На ова, надлежните од ЗОО-Скопје велат дека полицијата ќе ги најде сторителите.
- Многу лесно е да се суди однадвор. Во ЗОО Скопје има постојана грижа за благосостојбата на животните и се бориме за создавање на се подобри живеалишта. Ова што се случи е надворешен фактор, а за безбедносен пропуст со 80 ден карта и тоа што го имаме и правиме е премногу. 630 животни има во моментов во ЗОО З наете ли колку храна и нега треба за нив? А убиецот ќе си го најде полицијата, во интерес на сите е тоа, коментираат од Зоолошката градина.