Уапсени тројца дилери на дрога од Скопје

На 23.01.2020 во 01.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Московска“ го лишиле од слобода П.Ш.(21) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Истиот ден, во 12.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Вангел Тодоровски“ ги лишиле од слобода Г.Г.(40) и М.М.(31), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана и прашкаста материја. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.