Уапсени двајца скопјани за кражба од објект во Кисела Вода

 

Денеска полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Кисела Вода ги лишиле од слобода С.О.(37) и Ф.А.(36), двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека вчера извршиле тешка кражба во објект на правно лице на ул.„Сава Ковачевиќ“, при што одзеле повеќе предмети.
Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицата биле задржани во полициска станица, информираа од полицијата. 

По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.