Уапсени 5 лица, меѓу нив и малолетник - ги фатиле како крадат од „Македонија пат“

МВР известува дека вчера попладне уапсиле 5 лица, кои биле затекнати како крадат од ЈП „Македонија пат“

Вчера околу 17 часот и 30 минути на регионалниот пат Тетово – Скопје, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода А.К.(23), Б.Н.(27), Н.К.(37) и И.К.(38), сите од Тетово, и малолетник од Куманово.

Тие биле затекнати при извршување кражба, при што одзеле повеќе предмети сопственост на ЈП „Македонија пат“. Одземеното било вратено на „Македонија пат“, а лицата се задржани во Полициската станица

Тетово. По целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни пријави.