Уапсен возач, со неисправен автобус сакал да мине на „Ќафасан“

Вчера во 19.20 часот на Граничен премин „Ќафасан“, полициски службеници го лишиле од слобода К.Ј.(36) од Република Албанија.

При контрола на автобус „мерцедес“ со албански национални ознаки, кој го управувал, било констатирано дека има неправилности во бројот на шасијата на автобусот. 

Лицето било приведено и задржано во полициска станица за понатамошна постапка и по целосно докумнетирање на случајот ќе следи соодветна пријава.