Уапсен росоманец, искршил стакло на пошта и повредил две лица

Во Росоман вчера полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле М.Ж.(46), затоа што околу 11.30 часот со употреба на сила и остар предмет, го искршил стаклото од влезната врата на поштата во Росоман. За ова денеска информираше Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

-Притоа, со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Кавадарци, се здобил М.К.(74) од Кавадарци, кој бил во поштата. Според пријавеното, после тоа тој излегол од поштата и пред продажен објект во Росоман, физички нападнал 51-годишна жена од Росоман.

По приведувањето, лицето било спроведено во Психијатриска болница во Негорци, соопшти Самарџиев.