Уапсен кумановец кој фалсификувал лиценца за вршење јавен превоз

Полицијата уапси кумановец кој фалсификувал лиценца за вршење јавен превоз. 

На 21.09.2022 во 12.35 часот на Граничен премин „Стар Дојран“, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ, Полициска станица Стар Дојран го лишиле од слобода В.Ј.(31) од Куманово. По извршени проверки било констатирано дека, при граничната контрола, тој приложил фалсификуван Извод од лиценца за вршење јавен превоз во меѓународниот сообраќај за возилото „фиат дукато“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на фирма од Скопје, кое го управувал, соопшти полицијата. 

Притоа, било утврдено дека лиценцата фигурира за друго возило. За настанот бил известен Јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.