Туристите го нападнаа - главниот туристички центар во Македонија полн со гости од земјава и регионот

Главниот туристички центар за Католички Велигден ќе биде полн со гости од земјава и регионот. Најбројни ќе бидат посетителите од Грција, Албанија, Бугарија, Турција и Косово кои уживаат во прошетките низ стариот дел од градот и културно историските знаменистости.

Според најавите на туристичките работници од месец април започнува сезоната на брегот на Охридското езеро кога доаѓаат туристите од Белгија и Данска но и бројните кружни тури.

Преку нови содржини примамливи цени и воведување на маркетиншки мерки ќе се привлекуваат и ќе се бараат начини како да се задржат туристите.

Според надлежните Охрид  мора да ги дефинира своите туристички потенцијали и со изготвување на стратегија во текот на целата година да го развива туризмот.

Главниот туристички центар успева да ја продолжи летната сезона, која почнува од април и трае до крајот на октомври, но потребно е и дополнителна понуда.