Турчин баран со потерница поради убиство е уапсен во Скопје

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во 17 часот од полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Карпош бил лишен од слобода З.С.(47) од Р.Турција со престојувалиште во Скопје, кој се барал по меѓународна потерница за сторено крвично дело „убиство“.

Тој бил задржан во Полициската станица Карпош за понатамошна постапка.