Тројца скопјани каснати од улични кучиња

Во текот на вчерашниот ден биле пријавени три каснувања од улични кучиња на различни локации низ Скопје.

Најпрво во 10.20 часот во Полициската станица Гази Баба, А.С.(18) од Скопје пријавил дека на бул.„Александар Македонски“ бил каснат од куче скитник.

Потоа во 13.20 часот во Полициската станица Центар, З.Б.(26) од Скопје пријавил дека на Плоштад „Македонија“ бил каснат од куче скитник.

Во 15.00 часот во Полициската станица Гази Баба, С.С.(51) од Скопје пријавил дека бул.„Александар Македонски“ бил каснат од куче скитник.