Тројца скопјани каснати од кучиња скитници, еден од нив во Градски парк

Во Полициската станица Ѓорче Петров Ц.А. (85) од Скопје пријавила дека на ул. „Беаз Куле“, општина Ѓорче Петров, била касната од куче скитник во пределот на левата нога.

Во ПС Центар пак, Х.И. (32) од Скопје пријавил дека во Градскиот парк бил каснат од куче скитник во пределот на левата надколеница, а во истата станица 29-годишен скопјанец пријавил дека на ул. „Кирил и Методиј“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница.

.