Тројца граѓани пријавиле дека биле каснати од куче скитник

Тројца граѓани пријавиле во МВР дека биле каснати од куче скитник. Првиот случај е во скопски Аеродром во текот на вчерашниот ден каде В.С.(71) пријавил дека во 14:25 часот на бул.„АСНОМ“ бил каснат од куче скитник.

Истиот ден но малку подоцна во 21:20 часот во Полициската станица Чаир, Х.О.(62) од Скопје пријавил дека на ул.„Качанички пат“ бил каснат од куче скитник. Последниот случај е од денес каде веднаш после полноќ во 01.10 часот во Полициската станица Бит Пазар Н.Б.(42) од Скопје пријавила дека на ул.„Македонско- Косовска бригада“ нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.