Три млади жени повредени во сообраќајка во Скопје

При судир на две возила во Скопје повредени се 3 лица. 

На 14.09.2022 во 20.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„АСНОМ“ и ул.„Февруарски поход“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „рено“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Д.М.(38) од Штип и патничко моторно возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Н.(23) од Скопје, соопшти полицијата. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ј.Н., а со телесни повреди се здобиле сопатничката И.И.(23) од Скопје од возилото „цитроен“ и сопатничката И.М.(31) од Штип од возилото „рено“, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.