Според сите индикатори изгледа дека врвот на бранот се случил неколку дена претходно од прогнозираното, за време на изминатиот викенд. Малиот број на тестирања покажува дури и преголемо намалување, но броевите од изминатите денови ја потврдуваат промената на трендот, напиша на својот фејсбук профил професорот Дејан Трајковски.
Според него, ако дневните броеви од четврток и петок на заразени бидат под 870, тоа ќе биде потврда дека врвот е надминат и дека бројот на заразени оди кон намалување.
„Бројот на активни случаи исто така го достигна својот врв. За само неколку дена ќе го поминеме и врвот на смртните случаи, но и тој нема да биде висок при сегашната стапка на леталитет (0,3%-0,5%). Се очекуваат просечно околу 5 починати дневно, но максимално не повеќе од 10, дури и со задоцнето пријавените случаи од системот „Мој термин““, дополни професорот во својата објава.
Тој смета деко овој бран на коронавирусот го поминавме и ќе го поминеме многу лесно, но напомена дека не треба да заборавиме оти сме на половина од бранот и дека во текот на целиот месец август бројот на случаи ќе се мери во стотици.