Трајковски: Нема да го чекаме утрешниот ден, и денес излегуваме на терен, оној кој ќе ги прекрши законите ќе биде санкциониран

Во пресрет на прекинот на мерката загарантирани цени Директорот на пазарниот инспекторат Горан Трајковски во објава на социјалните мрежи вели дека неговата институција нема да го чека утрешниот ден туку уште денес ќе излезат на терен.

- “Никој не е над законот, а оној кој ќе применува нечесни трговски практики и ќе ги прекрши законите, ќе биде санкциониран, а во зависност од сторениот прекршок, заклучно со денес, постои можност и за затворање на објекти за вршење дејност на определен временски период. Вршиме надзори во сите големи маркети на цела територија на Македонија, по сите закони по кои постапува пазарниот инспекторат“ се вели во објавата

Трајковски додава дека во изминатиот период, пазарниот инспекторат беше на ниво на својата задача и не се дозволило никој да применува нечесни трговски практики и да не ги почитува антикризните мерки. Тој упати апел до трговците на мало, но и до трговците на големо, да бидат општествено одговорни и да ги прилагодат цените во согласност со стандардот на граѓаните.