Трајановски: Граѓаните ќе дадат поддршка на оние кои што имаат реализирано проекти и оние кои што ветуваат најдобро

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија” Коце Трајановски денеска гласаше на избирачкото место 2489 во просториите на урбаната заедница Автокоманда.

– Имав задоволство денеска да го искористам своето гласачко право. Мислам дека граѓаните на Градот Скопје ќе дадат поддршка на оние кои што имаат реализирано проекти и оние кои што ветуваат и оние кои што нудат нови проекти за подобро и поубаво Скопје, изјави Трајановски.

Изрази надеж дека гласањето ќе помине во фер и демократски услови.