Трагедија во Скопје: Тинејџер почина откако му се слушило на базен во Карпош

Момче почина откако му се слошило на базен во скопската населба Карпош. По извршените обиди за реанимација му била констатирана смрт без видливи траги на насилство.

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера 18.35 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ бил донесен 15-годишник од скопско.

На тинејџерот момчето му се слошило додека бил на базен на подрачјето на Карпош, а по извршените обиди за реанимација му била констатирана смрт без видливи траги на насилство.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција.