Тошковски: Несериозна е изјавата на Џафери, да се изгласаат законските измени за личните документи

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски вели дека на 18 март се затвора Избирачкиот список и доколку не стапат во сила законските измени со кои ќе се овозможи гласање со лични документи со старото име на државата на 100 000 граѓани ќе им биде прекршено правото на гласање.

Тој додаде дека е несериозна изјавата на техничкиот премиер Талат Џафери дека со оваа динамика има уште 50 дена да се извадат личните документи до изборите.

“Несериозно е особено имајќи предвид дека станува збор за потреба од утврдување согласно закон на можност со патните исправи со старото име до денот на изборите макеоднските граѓани да го остварат правото на гласање. Педесет дена ова што го говореше премиерот немаме заради тоа што на 18 март се затвора Избирачкиот список и до тој ден доколку не стапи во сила измена на законско решение на овие граѓани ќе им биде прекршено второто човеково право. Првото човеково право коешто им е прекршено на овие граѓани е правото на слобода на движење. Второто човеково право ќе биде правото на глас“, изјави Тошковски,

Тошковски се надева дека пратениците од СДСМ и ДУИ ќе најдат заеднички јазик и ќе ја поддржат иницијативата на ВМРО – ДПМНЕ за усвојување на законските измени со коишто, како што рече, на над 100 илјади граѓани нема им се прекрши правото на глас.

Со сегашните количини и континуитет на печатење на пасошите обезедени се обрасци до средината на мај. Нова поголема пратка се еочекува во текот на јуни, а се работи да се обезбеди дополнителна количина за да нема прекини. Сега, како што рече, се оди со максимален капацитет на производство со зголемување на човечките реурси и месечно се произведуваат 75.000 до 80.000 пасоши, за разлика од претходно кога максимумот бил 50.000.

“Целта сега е во насока да обезбедиме дополнителна количина на пасоши за да го продолжиме континуитетот на производство на пасоши, да не ги заклучиме машините средина на мај, да не ја остават истата ситуација кога дојдов во Министерството, и да се обезбеди континуитет се до пристигнувањето на поголемата пратка обрасци во текот на јуни“, посочи Тошковски.

Според него, се решава проблемот со подигнување на документите. Бројките, посочи, не лажат и рапидно растат месецов во споредба со претходниот период.

“Во март само во Скопје ќе бидат фотографирани над 100 000 граѓани, но факт е дека овој генерален проблем нема да го решиме во овој период заради тоа што заклучно со 12 февруари годинава требаше да бидат обновени над 2.150.000 лични документи со старо име со ново име, а тоа не возможно да го направи никој особено не од денешен аспект. За желбата на премиерот и на останатите добронамерници ако сакаат навистина да помогнат, најмалку што можат да сторат е да влијаат на пратениците да го изгласаат законот за овие 100 000 граѓани на кои ќе им биде прекршено уште едно гарантирано право согалсно сите меѓународни акти“, изјави Тошковски.