Тијана или познатата Ула денеска слави роденден, еве какви оригинални честитки доби

Познатата пејачка, а од неодамна и актерка, Тијана Дапчевиќ која живее во Белград денеска слави роденден! 

Со оглед дека е дел од екипата на „Преспав“ каде ја глуми Ула, тимот преспавци први и честитаа роденден со интересно видео. 

Нејзината сестра Тамара роденденот на сестра си и го честита со емотивна порака:

„Да не беше ти, немаше да ме има ни мене. Мојот прв идол и узор. Моја најдобра другарка и најголема поддршка. Те сакам, сесре. Бескрајно. Среќен роденден. Да победиш на Беовизија, да одиме пак на Евровизија. Биди здрава, среќна, сакана и успешна“ - напиша Тамара.