Тешко повреден скопјанец во сообраќајка

Вчера, на ул.„Михаил Чаков“ во Скопје, патничко моторно возило „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.З.(36) од Скопје, удрило во  Н.Ш.(79) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Н.Ш., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.