Тешка сообраќајка во скопско: Повредена млада девојка

Дваесет и три годишната Љ.А. од скопско Марино е тешко повредена во сообраќајна несреќа која вчера утрината се случила на локалниот пат с.Кадино – с.Миладиновци.

Во несреќата, информира МВР, учествувале „фиат пунто“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.А.(23) од с.Марино и товарно возило „ман“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ќ.К.(56) од Куманово.

-Во незгодата Љ.А. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, велат од полицијата.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.