Тешка сообраќајка во Скопје: Две момчиња итно пренесени на ургентен

Синоќа во 19,00 часот во Шуто Оризари, Скопје се случила сообраќајна незгода во која се повредени двајца.

Во патничко моторно возило „Мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки управувано од 40- годишниот О.К од село Визбегово-Скопје, удрило во паркирани товарни возила „Ман“ со скопски регистарски ознаки и работна машина „Липкер-914“, стои во соопштението од МВР.

Со возило на Итна медицинска помош двајцата сопатници од патничкото моторно возило „Мерцедес“ - 17- годишниот Е.К и 24- годишниот Н.Ш од село Визбегово, скопско биле пренесени во Ургентен центар -Скопје, каде на Е.К. му се констатирани тешки телесни повреди и е задржан на понатамошно лекување, а кај Н.Ш. се констатирани телесни повреди и е пуштен на домашно лекување.

Увид извршила екипа од СВР-Скопје