Тешка сообраќајка во која три лица се повредени

Вчера,  на регионалниот пат Струга-Дебар, во близина на крстосница со локалниот пат за с.Лабуништа, се случила сообраќајна несреќа во која три лица се здобиле со телесни повреди.

Сообраќајката се случила помеѓу  патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.П.(66) од Скопје и патничко возило „мерцедес“ со албански национални ознаки, управувано од В.Ц.(22) од Албанија.

Двајцата повредени биле сопатници во возилото „мерцедес“,каде  Л.Д.(18) од Албанија се здобил со тешки телесни повреди, додека пак С.Д.(61) од Албанија и возачот Б.П., се здобиле само со телесни повреди кои биле констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

Од МВР информираа дека на местото на несреќата бил извршен увид од увидната екипа на Полициската станица Струга.