Тешка сообраќајка на булевар „Словенија“: Со автомобил се забил во бандера, повредени две лица

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа која вчера во 11 часот се случила на  бул.„Словенија“.

Од МВР информираат дека А.Н.(28) од Скопје, управувајќи патничко возило „рено твинго“, со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во бандера.

-Во незгодата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, а сопатникот Ф.Д.(21) од Скопје со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, нформира МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.