Тепачка меѓу затвореници се случила вчера попладне во затворот во Идризово, при што еден осуденик е тешко повреден.
Од полицијата информираат дека било пријавено дека во Казнено поправната установа-Идризово во петтото крило (затворен дел), по претходна расправија дошло до тепачка помеѓу осудениците С.Р.(26) и М.Е. (32), двајцата од Скопје.
Во тепачката М.Е. се здобил со тешка телесна повреда, констатирана од страна на лекар на Клиниката за Максилофацијална хирургија.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.