Вчера било пријавено дека околу 16.30 часот во дворот на основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ на улица „Пушкинова“ во Скопје лицето А.С.(51) од Скопје физички нападнал 11-годишно момче.

А.С. физички го нападнал и лицето З.В.(61) од Скопје, кој се обидел да го заштити детето.

Набргу потоа А.С. започнал и тепачка со лицата Д.П.(20), С.Н.(38) и К.Л.(36), сите од Скопје, кои реагирале на физичкиот напад на А.С. врз 11-годишното момче и З.В..

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.