“Жена ми се вика Борис“ е насловот на претставата во режија на Синиша Евтимов која публиката на 8 февруари може да ја види во Театар Комедија.

Таа е современа фарсична комедија, дело на Рафи Шарт, еден од најпознатите современи француски комедиографи, чии текстови доживуваат неверојатен успех на театарските сцени насекаде низ светот. Познат по своите прецизни заплети, тој е еден од легитимните наследници на Жорж Фејдо. Неговата провокативна поетика лесно комуницира со публиката, а неговите карактери се огледало на животот што го живееме. Комедијата “Жена ми се вика Борис“ (со оригинален назив “Жена ми се вика Морис“) е современа хит-претстава со калабалак од заплети, замена на идентитети и мноштво луди ситуации кои се одвиваат со неверојатна брзина. Овој современ текст ги ревидира моралните кодекси на однесување, во еден наш, локализиран простор и менталитет.

Основните теми во оваа комедија -проблемите на обичниот човек, емоциите, прељубата, лагите, интригите, либидото… се вонвременски.