Таравари сака веднаш да ги разреши директорите, Беќаровски смета дека донеле „економско лудилo“

„Дека економските директори донесоа економско лудило по клиникиве. Повеќе не се гледа квалитет, значи вие не може да побарате, неколку пати престојував во Словенија и во Шведска, таму кога се бира апарат, не го бира ниту директор ниту комисија, се носи апаратот го гледаат колегите кажуваат овој апарат е добар овој апарат е лош. Кај нас сакаме да требуваме гастроскоп, одлучува комисија во која што некогаш има доктор некогаш нема доктор, економски директор кој гледа да склучи некој дил со некој за нешто што потоа тотално не одговара“, вели професор Нико Беќаровски од Универзитетската клиника за токсикологија.

На прашањето дали верува дека политичките партии навистина ќе имаат сила и капацитет да ги надминат ваквите состојби во здравството, Таравари изјави:

„Мислам дека прва задача, првиот ден, било која да биде министер и јас ако бидам, да се разрешат тие економски директори. Во 2017 јас тоа го почнав и ги разрешив 95 % од еконоомските директори и мислам дека не ни треба тој луксуз“, вели професор доктор Арбен Таравари.

„Дефинитивно платата е условно кажано меѓу третата и четвртата причина која што им е проблем на колегите. Јас би рекол дека најголемиот проблем кој што го имаме се административните потешкотии, неизвесност која што е постојано меѓу нас, дали ќе завршат шестмесечна пракса, која што е предуслов за специјализација, дали по завршување на факултетот навремено ќе добијат диплома за да може да се вработат, дали вработувањето ќе биде со партиско влијание или нема и секако оној дел на дискреционо право на директорите кое го кажавте и кое во ниту еден момент не смее да биде предуслов за вработување“, изјави доктор Бојан Трајковски од Асоцијација на специјализанти и млади лекари.