СЗО се пишмани: Асимптоматските случаи ја шират заразата со ковид-19

Еден ден по изјавата дека луѓето кои се позитивнои на тестот за ковид-19 и немаат симптоми, генерално, не јапренесуваат инфекцијата, експертите на Светската здравствена организација денеска изјавија дека луѓето кои се позитивни на коронавирус се најзаразни во моментот кога прв пат почнуваат да се чувствуваат лошо, покажуваат студиите.

Токму затоа што луѓето се најзаразни непосредно пред појава на првите симптоми,  според тоа, тешко е да се контролира вирусот што го предизвикува ковид-19, но со ригорозно тестирање и физичко растојание можно е да се спречи ширењето – велат тие.

– Од многу ограничените информации со коишто сега располагаме, се чини дека луѓето имаат најголемо  количество на вирусот во организмот непосредно пред да се појават симптомите или кога ќе почнат да се развиваат – рече Марија ван Керхове, епидемиолог на СЗО.

Прелиминарните студии спроведени во Германија и САД покажуваат дека луѓето со лесни симптоми можат да бидат заразни осум до девет дена,  а оние со потешки симптоми многу подолго – додаде таа.

Некои експерти вчера ја доведоа во прашање нејзината изјава дека луѓето кои немаат симптоми на коронавирус „многу ретко“ можат да заразуваат други, нагласувајќи дека таквите упатства може да бидат проблематични.

Ван Керхове денеска објасни дека некои луѓе не развиваат симптоми, но сепак можат да заразуваат  други.

– Некои модели велат дека околу 40 отсто од преносите можат да бидат со асимптоматски случаи, но тоа се модели при пресметување. Значи, не го вклучив тоа во мојот одговор вчера, па сега сакам да бидам појасна – додаде таа.

Таа вчера рече дека луѓето кои позитивни и немаат симптоми, генерално, не ја пренесуваат инфекцијата.

Мајк Рајан, главен експерт за итни случаи на СЗО, изјави дека новиот вирус се наоѓа во горните дишни патишта што го олеснува пренесувањето побргу отколку кај САРС или МЕРС, кои се наоѓаат во долните дишни патишта.

– Имаме патоген што се наоѓа во горните дишни патишта каде што повеќето од вирусите се наоѓаат во моментот кога ќе почнете да се чувствувате лошо – рече тој.