Судот го одби барањето на одбранатa, таткото на Вања останува во притвор

Таткото на убиената Вања, останува во притвор, откако Кривичниот суд го одби барањето на одбраната притворот да му се замени со куќен притвор.

„Судија на претходна постапка, по предлог на одбраната на А.Ѓ. осомничен за кривично дело Грабнување од чл. 141 ст.2 вв ст.1 од КЗ, а поврзано со убиството на малолетната В.Ѓ. и велешанецот
П.Ж., за замена на мерката притвор со куќен притвор, по добивање на мислење од надлежниот Јавен обвинител, донесе решение со кое предлогот на одбраната се одбива“, информираа од Кривичниот суд.

Против ова решение странките имаат право на жалба до Кривичниот совет.

Претходно овој месец, Одбраната побара куќен притвор за таткото на Вања. Адвокатот Туфегџиќ рече иако ниту една мерка не е оправдана за него, со куќниот притвор би се помогнало на семејствоот кое е погодено од големата трагедија. Туфегџиќ тврди дека Александар Ѓорчевски се уште не е сослушан во обвинителството, вели исказ дал само во предистрага кога му е одреден краткотрајниот притвор.