Студено овошје за животните од скопската Зоолошка (ФОТО)

Како им поминуваат деновите на животните од скопската Зоолошка градина на +40 степени Целзиусови?

- Во овие жешки денови, секој момент го користиме за животните да бидат освежени и разладени, велат од ЗОО-Скопје. 

Ова се дел од фотографиите на Ѓорѓи Личовски и Томислав Георгиев кои станаа вирални како во светските медиуми, така и кај нас, а на нив се гледа дека на животните им се нуди студено овошје со кое се освежуваат среде лето.