Струмичанец ја натепал мајка си, а потоа предизвикал пожар во кој со тешки изгореници се здобил татко му - Маж од Скопје пријавил физички напад од сопругата

Полицијата лишела од слобода струмичанец кој ја натепал мајка си, а потоа предизвикал пожар во кој со тешки изгореници се здобил татко му.

- На 08.10.2023 во 22.00 часот во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода В.М.(38). Тој се сомничи дека во домот физички ја нападнал неговата 57-годишна мајка, а откако таа го напуштила домот тој предизвикал пожар во домот, при што со повреди се здобил неговиот 66-годишен татко. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Струмица, а неговиот татко бил пренесен во болницата во Струмица за укажување помош. В..М. бил задржан во полициска станица, по што на 09.10.2023 бил пренесен на лекување во медицинска установа во Негорци. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

Во Скопје пак, маж во полиција ја пријавил својата сопруга за физички напад.

- На 09.10.2023 во 20.48 часот во СВР Скопје, 52 - годишен маж пријавил дека во домот на подрачјето на Кисела Вода бил физички нападнат од неговата сопруга И.П.. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, стои во соопштението на МВР.