Стефковски од Гази Баба на фејсбук: Поранешниот Претседател Иванов изрази поддршка на мојата кандидатура за Гази Баба

Кандидатот за градоначалник на Гази Баба од редовите на ВМРО ДПМНЕ денес оствари средба со поранешниот претседател на државата, Ѓорге Иванов. Веста ја сподели на својата фејсбук страна. 

Му благодарам на претседателот Иванов за одличната средба, како и за неговите совети кои беше задоволство да се слушнат, напиша Стевковски на фејсбук.

Тој додаде дека поранешниот Претседател Иванов изразил поддршка на неговата кандидатура за градоначалник на општина Гази Баба.