Стартува „Еко - дром“, училиштата во Аеродром ќе произведуваат енергија преку фотоволтаици

Градоначалникот на општина Аеродром на својата фејсбук страна објави дека со работа започнале фотоволтаиците поставени во основните училиште. На овој начин општината ќе ја унапредува животната средина, ќе произведува електрична енергија и штеди средства. 

Македонија располага со 300 сончеви денови годишно, а истото мораме да го искористиме. Токму затоа, поставувањето фотоволтаици на сите основни училишта, како и на дел од градинките во нашата општина е од огромно значење, напиша Муцински на фејсбук. 

Тој потенцираше дека преку фотоволтаиците веќе започнало да се произведува струја на неколку училишта, а се очекува во наредните неколку денови истото да се случи и на останатите.

Низ овој процес и инвестирањето во обновливи извори на енергија, Општината ќе даде сериозен придонес во зачувувањето на животната средина, како и во кратењето на дополнителните трошоци со кои сите се соочуваме во време на енергетската криза, додаде тој. 

На овој начин Општина Аеродром ќе ги намали трошоци за електрична енергија во услови на криза.

- Проектот „Еко-дром“ кој го најавивме во предизборието започнуваме интензивно да го реализираме и Општина Аеродром станува зелена општина, заклучи Муцунски во својата фејсбук објава.