Стапката на ДДВ ќе се врати на 18 отсто: Ќе плаќаме ли поскапа струја?

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во емисија на „Телма“ кажа дека Данокот на додадена вредност (ДДВ) за електрична енергија постепено ќе се зголемува.

-Анализите се при крај, стапката на ДДВ од 10 отсто за електрична енергија постепено ќе се враќа на 18 отсто, кажа Битиќи.

Битиќи објасни дека ЕСМ дава предлог до ЕВН Хоум, а потоа Регулаторната комисија ќе донесе одлука, која се очекува кон крајот на јуни.

-Имаме месец и пол пред нас, а ние не зависиме само од домашните производители на електрична енергија. Како што беше последната година и пол, така ќе биде и понатаму и одлуките ќе бидат во полза на граѓаните, вели вицепремиерот.

Битиќи посочи и дека се прават последните анализи дали може да се врати евтината дневна тарифа од први јули.