Средношколците бараат кратење на целиот материјал од матурата: Ние сме оштетена генерација

Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците и студентите (ОДАС) денеска одржа протест пред Министерството за образование и наука (МОН).

Средношколците бараат кратење на целиот материјал предвиден за полагање на државната матура.

- Поминавме низ онлајн настава, дојави за бомби, штрајкови на професори, штрајк на ЈСП. Тоа влијае врз полагање на државната матура. Ние сме оштетена генерација, велат средношколците.

Тие доставиле свои барања до МОН, а имаат и најава за средба со министерот Шаќири.