Сред ноќ опожарени две товарни возила во Скопје

Неколку часа по полноќ во Скопје биле опожаени две товарни возила. 

Во 03:58 часот денеска во СВР Скопје било пријавено дека во круг на фирма на улица „Јадранска магистрала“ во Скопје настанал пожар во две товарни возила „Рено“ со швајцарски национални ознаки, сопственост на фирмата, информираа од МВР. 

Екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот, а повредени лица нема. Увид бил извршен.