Според проценките на ММФ, Македонија со најнизок економски раст

Најнизок економски раст во државите од Западен Балкан во 2018 година, според најновата проценка на Меѓународниот монетарен фонд, ќе има Македонија за 1,6 отсто, а највисок во Србија, Албанија и косовската економија- по 4,0 отсто.

Во есенскиот извештајот на ММФ „Перспективи на светската економија“ се предвидува дека овогодишниот раст на БДП на Босна и Херцеговина се очекува да изнесува 3,2 отсто.

Хрватска очекува економски раст од 2,8 отсто, а Црна Гора од 3,7 отсто.

Извештајот на ММФ е објавен на интернет страницата на оваа финансиска институција по повод годишната конференција на Фондот и Светската банка во Бали која е во тек.