Спасовски и Каевски демонстративно го напуштиле состанокот на СДСМ?

На состанокот на Извршниот одбор на владејачката СДСМ, поранешниот технички премиер и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, како и портпаролот и актуелниот пратник Дарко Каевски, демонстративно ја нашуштија седницата на која што се разговараше за пратеничките листи на СДСМ за изборите на 8-ми мај, известува телевизијата ТВ Клан.

Како што известува телевизијата,  атмосферата на состаникот на социјалдемократите била многу тензична и пројавено е „огромно незадоволство“ во рамките на самата партија, за како што рекел незодоволните, од  самоволието на претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски и наметнувањето на листи на коишто нема голем дел од најистакните членови на СДСМ.

Инаку, претходно беа објавени целосните листи на сите кандидати за пратеници на СДСМ за сите изборни единици.