Спасеновски: “Поддршката од 80 пратеници покажува колкава е победата на изборите, граѓаните очекуваат промени во начинот на кој се водеше државата и институциите до сега“

Спасеновски изјави дека разговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Вреди се одвиваат позитивно. Тие започнаа веднаш по изборите, и новата политичка коалиција, која ќе управува со државата, ќе биде објавена наскоро, рече тој во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа ТВ.

''Она што е навистина интересно и сметам дека претставува прилог во развој на политичкиот систем на државата е гестовите кои што стигнуваат од двете страни како од страна на коалицијата на лабанските партии обединета по името Вреди така и од ВМРО-ДПМНЕ и таа добра атмосфера сугерира дека ќе биде постигнат еден договор и гледаме дека тој е пред самиот крај кој што ќе биде еден исчекор за граѓаните и Македонија. Она што е важно кога се анализираат преговорите се неколку аспекти. Првиот и најважен аспект е убедливата, историска, огромна победа на ВМРО-ДПМНЕ, победа која што по својата големина е еквивалентна на неколку такви победи од позиција на опозициска партија која што остварува победа на изборите, таков резултат еднаш направи СДСМ во 2002 година на познатиот 15 септември кога беше поразена ВМРО-ДПМНЕ и Црвенковски повторно ја донесе СДСМ на власт, е оваа победа на ВМРО-ДПМНЕ по својата магнитуда е слична на таа и тоа е еден аспект.

Тоа зборува дека огромно мнозинство од народот ја препознава политиката, кадровската понуда и програмата на ВМРО-ДПМНЕ како нешто што треба да претставува реалност во оваа држава. Истовремено значи и казна кон една политика која што претходно беше водена во оваа држава и граѓаните очекуваат еден дисконтинуитет од начинот на кој што до изборите или до сега беше раководена државата и институциите'', рече Спасеновски.

Спасеновски истакна дека победата на ВМРО-ДПМНЕ е историска и голема, слична на победата на СДСМ во 2002 година. Тој посочи дека оваа победа покажува дека народот ја препознава политиката и програмата на ВМРО-ДПМНЕ како реалност за државата. Граѓаните очекуваат промени во начинот на кој се водеше државата и институциите.

Тој додаде дека поддршката од 80 пратеници е знак за значајноста на победата и дека државата ја очекува нова ера и развој на институциите. Спасеновски истакна дека коалицијата со Вреди и ЗНАМ, која ќе има двотретинско мнозинство, ќе донесе нови  промени во државната политика.