Спанаќ од Стајковци, млад кромид од Булачани, свежа зелка од Шишево - на кој скопски пазар е најевтино?

На скопските пазари ќе најдете безмалку сѐ: блитва и спанаќ од Стајковци, млад кромид од Булачани, јунски цреши од Соње, ореви и бадеми од Скопска Црна Гора и свежа зелка од Шишево...

Денеска, тринаесетте скопски пазари работат секојдневно, иако во меморијата на скопјани останала традицијата дека пазарни денови се вторник и петок, кога купувачите се најбројни.

На пазарите веќе се појави и раноградинарското производство, но засега, како што објаснуваат пазарџиите, тие се први количини и цените се високи. Доматите и краставиците се продаваат околу 60 за килограм, а се појавија и првите увозни јагоди по цена од 100 до 120 денари за килограм. 

Појдете до најблискиот пазар и наполнете ја со витамини својата торба од богатото скопско поднебје.