Сообраќајна незгода вечерва во Скопје

Сообраќајна незгода во која учествуваа две возила се случи доцна вечерва на раскрсницата помеѓу улиците „Скупи“ и „Качанички пат“. 

Според првичните информации во незгодата нема повредени лица. Во неа учествува две возила, „сеат“ со бугарски регистарски таблички и „опел“ со македонски регистарски таблички.

Сообраќајот во овој дел од градот се одвива отежнато, а полицијата го обезбедува местото на несреќата.