Вчера во 14,25 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, од Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив бил донесен повреден Р.Ш.(21) од с.Батинци-скопско кој се здобил со тешка телесна повреда (фрактура на лева клучна коска) при сообраќајна незгода во која управувајќи патничко моторно возило „Голф“ со скопски регистерски таблици излетал од коловозот и паднал во Маркова река.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје. Се работи на целосно расчистување на случајот.