Сообраќајна несреќа попладнево околу 12 часот се случила на булевар Илинден во Скопје.

Според тоа што може да се види од фотографиите кои ги направи Вечер, во несреќата учествувале две возила од марката БМВ со битолски регистарски таблички и Опел со скопски регистарски таблички.

На местото на судирот пристигна и возилo на Итна помош, а за сега нема инфомации за повредени лица.

Увид на местото на настанот врши екипа од СВР Скопје.