Сообраќајна несреќа кај Ѓорче Петров, сообраќајот се одвива отежнато

Сообраќајна несреќа пред неполни 30 минути се случила кај Ѓорче Петров, на излезот од Скопје.

Според првичните информации, се судриле три возила, а полицијата е на терен и врши увид. Неофицијално, несреќата поминала со материјална штета и без повредени.

Сообраќајот во овој дел од Скопје се одвива отежнато, поради големата фреквенција на автомобили во овој период од денот. Повеќе информации се очекуваат од Министерството за внатрешни работи.