Сообраќајка во Скопје: Излетал од коловозот и удрил во земјен брег

На 17.07.2018 година во 07:45 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на обиколница пред клучката Мирковци  Д.К.(28) од Скопје управувајќи патничко моторно возило “Пежо 206“ со скопски регистерски таблици излетал од коловозот.

Потоа удрил во земјен брег и повторно се вратил на коловозот по што запрел на помошната лента за запирање на возила.

По случената сообраќајна незгода Д.К. со возило бил пренесен во Градската општа болница “8- ми Септември“ за укажување на лекарска помош и од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди по што бил задржан на понатамошно лекување.

Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

Сите денешни вести прочитајте ги тука.