Сообраќајка кај Министерството за економија, повредено едно лице

Две возила се судриле во близина на Министерството за економија. Едно лице е повредено, дознаваме на лице-место на настанот. 

Поради повредите, интервенирала и Итната медицинска помош. Засега не се познати причините поради кои дошло до сударот. 

Сообраќајот во овој дел од Скопје засега се одвива отежнато.