Со вакви фотки од центарот на Скопје - во Европа НЕ!

Зарем вака треба да изгледа центарот на главниот град, на нашето Скопје? - се прашуваат граѓаните откако на социјалните мрежи кружат фотографии од локација во близна на Зеленото пазарче. 

Имено, тротоарот во близина на автобуската постојка е оставен несреден, откако се дислоцираа неколку трафики. 

-Просторот е полн со отпадоци, ваква грдотија не заслужува центарот на Скопје, вели една скопјанка. 

-Со вакви слики не може во Европа, констатира друг скопјанец. 

-Ова е од минатата година , незнам зошто ги кренаа трафиките, и оставија хорор сред центар, велат граѓаните. 

Тие едногласно предлагаат час поскоро да се раззеленат овие површини од страна на надлежните.