Со минирање на планината над селото Дебреше, „Бехтел и Енка“ утре ќе почне со изградба на делницата Госитвар – Букојчани

„Бехтел и Енка“ од утре со минирање на планината над селото Дебреше, ќе почне со изградба на делницата Госитвар – Букојчани, каде ќе поминува автопатот, за да се заобиколат влезот во Гостивар и искачувањето до Стража.

Активностите доаѓаат пред крајот на градежната сезона, но оттаму велат дека морало да се случи така, бидејќи се работело за комплексна документација која вклучува и обештетување на граѓаните низ чиј имот ќе поминуваат коридорите, но и подготовка на урбанистички проекти кои веќе се при крај.

Проектирањето пак, за разлика од досега, се одвива онака како што „Бехтел и Енка“ ќе градат, бидејќи тоа им го овозможува еден од законите кои беа изменети по итна постапка и со европско знаменце.

Според договорот, изградбата на три делници на Коридорот 8 и една на Коридорот 10д треба да заврши за 4 години и 7 месеци, а треба да чини 1,3 милијарди евра, сума која може да биде надмината.